After Midnight

Ситуации кои се доказ дека на вашата врска ѝ се ближи крајот

  1. Голтате фрустрации
    Имавте расправија и треба да разговарате со вашето момче, но не го правите тоа туку замислувате разговор во кој објаснувате сè што ве мачи, но не можете да го реализирате – тогаш имате сериозен проблем. Имено, експертите тврдат дека сте свесни дека имате различни ставови и дека мислите поинаку од него, но ако навистина му го кажете тоа, ќе има уште поголеми проблеми и заладување на односите. Проголтаните фрустрации порано или подоцна излегуваат на површина, а после нив нема да има среќен крај.
  2. Ја анализирате секоја постапка
    Ако веќе некое време анализирате колку всушност жртвувате и од што се откажувате за да ја направите врската успешна – а вашиот партнер не ви ја врати со истата мерка, се чини дека нешто не е во ред. Ако пресметувате кој кого бакнал повеќе пати, дал комплимент, рекол извини или направил нешто убаво, тоа го издава вашето незадоволство.
  3. Не можете да замислите заедничка иднина
    Замислувањето на иднината со вашиот сакан прави да се чуствувате непријатно, а стомакот почнува да ви се превртува од болка? Сè повеќе, размислувате за тоа колку би било генијално да бидете соло, да излезете безгрижно со другарките и да си го испланирате денот како што ви одговара? Овие се очигледни знаци на желба за независност или одвојување од партнерот.
  4. Сакате да бидете некој друг
    Забележувате како една среќна девојка и момче се смеат и се прегрнуваат на клупа во парк, како вашиот сосед и купува цвеќе на сопругата барем еднаш неделно, како вашата другарка ужива во секоја секунда со своето момче и никогаш не е нервозна и фрустрирана, а вие го оправдувате своето незадоволство од лошата врска и вината ја префрлате на партнерот? Ако навистина мислите дека вашата врска би била подобра доколку вашето момче се труди понапорно, тоа значи дека не сте размислувале, дури и ако е вистина, што би можеле да направите за да ја направите врската подобра. Затоа, добро размислете дали сакате да вложите напор во врската, односно дали воопшто сакате да бидете во врска – сепак, важно е да разговарате со вашиот партнер за сè што ве мачи.

Напиши коментар