Free zone

Скинати хулахопки какви што сте фрлиле во корпа 100 пати до сега – Gucci реши да ги направи нов моден тренд

Сите се мачиме со искинати чорапи и ги влечеме здолништата за да не се гледаат дупките. Поскапите се обидуваме да ги спасиме со лак за нокти, но порано или подоцна тие завршуваат во контејнер.

Па, познатата модна куќа Gucci ги извади баш тие искинатите и се обидува да ги направи тренд.

После машкиот фустан за 2.200 евра и фармерките со дамки од трева за 700 евра, компанијата Gucci се чини дека продолжува да се задева со модниот свет – сега пушти во продажба темни најлонски чорапи, искинати на колената и на задната страна.

Чорапите што се најдоа во новата колекција, можеби потсетуваат на модата од осумдесеттите и панкерите кои носеа искинати мрежести чорапи, но за повеќето ќе изгледаат како потсетник на многу баксузен ден.

Добро, веројатно овде не би ви бил потребен лак за нокти, а можеби и материјалот е подобар од вашите стари хулахопки, но дали би ги носеле некогаш?

Пред да одговорите, да ви ја кажеме цената. Имено, Gucci бара 190 долари за овој нов моден хит, што е нешто повеќе од 160 евра. Замислете колку цели пара хулахопки можете да купите за тие пари и да ги кинете колку ви душа сака!

Напиши коментар