Free zone

Новата Година е на прагот, а елката е неизбежен празничен елемент: Овој трик за поставување на светилките ќе направи таа да изгледа уште помагично!

Новата Година е се поблиску, што значи дека е време да ја украсите елката! Ова е вистинскиот начин да направите вашата елка да изгледа како од бајките!

Без оглед дали планирате да имате вистинска или вештачка новогодишна елка, покрај украсите, неизбежен елемент, покрај кој секоја елка изгледа уште помагично, се украсните ламби.

Меѓутоа, дали го знаете најлесниот начин да ги ставите на елката?

Ако мислите дека одговорот е – извртувајќи ги во круг околу елката, се лажете!

Треба да ги поставите вертикално, бидејќи на тој начин ќе можете да заштедите простор, полесно ќе ги поставите, а елката ќе изгледа поспектакуларно.

Видеото од овој трик на ТикТок собра скоро 2 милиони лајкови за само пет дена, а многумина и се заблагодарија на оваа девојка за нејзиниот корисен совет.

Сепак, еден корисник напишал дека прави нешто вакво веќе 20 години и дека тоа го припишува на неговата мрзеливост, додека девојчето кое го објави видеото одговори дека тоа не значи дека е мрзлив, туку дека ја „открил“ финтата пред сите други.

Напиши коментар