After Midnight

Скршеното срце е реален медицински синдром

Скршеното срце е вистински медицински синдром и се нарекува кардиомиопатија предизвикана од стрес или кардиомиопатија на Такотсубо. Тоа е слабеење на левата комора, одговорна за пумпање крв, и може да биде предизвикано од стрес, а може да се појави и како последица од смртен случај или големи катастрофи. Синдромот првпат бил опишан во Јапонија, а се нарекува Такотсубо кардиомиопатија, бидејќи формата на левата надуена комора ги потсети научниците на јапонска стапица за октоподи (наречена Такотсубо).

Иако има слични симптоми како срцев удар, скршеното срце не е толку сериозен проблем. Како што знаеме, срцевиот удар предизвикува блокада, а во кардиомиопатија нема кардиоваскуларни причини, но болката предизвикува притисок врз левата комора на срцето. Сепак, можна е појава на исти срцеви биомаркери или протеини како и при срцев удар.

Синдромот на скршено срце е најчест кај жените во менопауза, па затоа научниците претпоставуваат дека може да биде поврзан со недостаток на естроген. Повеќето кардиомиопатии Такотсубо, биле дијагностицирани по смртта на некој близок или катастрофи како што е земјотрес или цунами, но исто така биле пријавени два случаи поради стрес предизвикан од работа или учење (повторно кај жени – едната изгубила УСБ со важна деловна презентација, а другата учела за приемен испит).

Напиши коментар