Celebrity

Славната пејачка потполно шокираше со новиот изглед – Реши да се ослободи од долгата коса!

Американската пејачка Halsey, инаку склона кон драстични промени во изгледот, сега уште еднаш шокираше. Имено, пејачката им ја покажа на своите ТикТок следбеници долгата коса, а потоа и нејзиниот нов изглед со избричена глава. Подоцна сподели фотографии од својата нова фризура на Инстаграм, а на Твитер напиша дека е воодушевена од промената.

„Сакам да сум ќелава“, додаде таа на Твитер.

„Баш на време, време е за капи“, напиша таа под фотографијата.

„Најубавата“, „Како си толку убава?“, „Изгледаш прекрасно“, воодушевено коментираа фановите, очигледно навикнати на ненадејните промени на славната пејачка.

View this post on Instagram

😬😬😬😬

A post shared by halsey (@iamhalsey) on

Напиши коментар