Astro&Horoscope

Смарагдна година за Водолиите – Што значи тоа и каква среќа ќе ги очекува припадниците на овој хороскопски знак?

Тие се најпрогресивните, наjмногу ориентирани кон иднината, подготвени да живеат во 22-от век! Затоа, за нив даровите од Јупитер кои ги очекуваат во 2021 година, се навистина вистинско богатство – астролозите велат дека ова ќе биде Смарагдна година за родените во знакот на Водолија!

За почеток, ајде да објасниме – што е Смарагдната година? Се смета дека е година во која сите 12 месеци ќе бидат среќни за избраниот, среќен знак, па затоа може да се сметаат за вистински космички кралеви и кралици.

Ви претстојат широки можности, бројни шанси за патување, но и најважната пресвртница во животот – можноста да ја запознаете вашата вистинска љубов.

Ако веќе сте во среќен брак, сметајте на многу слободно време што ќе можете да го поминете со партнерот и децата, што е вистинско богатство, коешто денес многумина го немаат. Во деловна смисла, едноставно ќе напредувате, а ова особено важи за оние кои лесно се прилагодуваат на новите технолошки промени и работната атмосфера.

Вие сте оној кој е најподготвен да живее „во иднината“, а сега токму тоа е потребно за успех и среќа. Смарагдната година за Водолијата, исто така, претставува пресвртна точка важна за Добата на Водолијата. Многу планети транзитираат низ овој воздушен знак, така што целото општество се врти кон нивните визии за напредок.

Затоа, подгответе се да постигнете сè што сакате, само имајте на ум дека можеби ќе треба да почекате некое време за реализација. Во првата половина на годината, Сатурн и Јупитер се во опозиција, така што некои Водолии нема да чувствуваат доволно енергија во јануари и февруари. Сепак, веќе во средината на март, космичките сили се топат, Јупитер се оддалечува доволно далеку од прегратките на Сатурн и – светот ќе се најде пред ваши нозе.

Напиши коментар