Astro&Horoscope

Со нив секогаш можете да направите добар shopping – Ова се знаците со најмногу стил!

Бик

За припадниците на овој знак често се вели дека немаат нешто што не можат да го облечат. Тие имаат непогрешливо чувство за мода и стил, благодарение на што и најобичните парчиња облека изгледаат одлично на нив. Тие сакаат квалитетна облека и подготвени се да инвестираат во поскапи парчиња затоа што знаат дека се работи за долгорочна инвестиција.

Лав

Лавиците не се плашат да бидат најдобро облечени жени во просторијата. Не им треба посебна причина да носат гламурозни, па дури и театарски парчиња од кои другите не можат да ги тргнат очите. Тие едноставно знаат да носат облека со која другите се плашат да ризикуваат, но Лавот е доказ дека модниот ризик се исплати. Тие се грижат за квалитетот на материјалот и за нив е важно облеката да биде добро скроена.

Вага

Кога станува збор за модата, инаку неодлучната Вага вешто се балансира помеѓу трендовите и класиците. Тие сакаат облека што моментално е во мода, но никогаш нема да носат парчиња што не се вклопуваат во нивниот личен стил, без разлика колку се популарни. Претежно се љубители на класични кроеви, но многу се разиграни кога станува збор за избор на материјали, бои и дезени.

Напиши коментар