Free zone

Со помош на овие трикови, засекогаш ќе им кажете збогум на испуканите врвови: Вашата коса ќе изгледа беспрекорно!

Испуканите врвови се најлошиот кошмар на секој што е во фаза на пуштање на косата, затоа што она што следи е токму спротивно од примарната цел. Дека шишањето е најдоброто решение за испуканите врвови ќе потврди секој фризер, но постојат неколку начини да се помогне во спречување на овој непожелен феномен. Соодветната грижа ќе спречи појава на испукани краеви и може драстично да го продолжи времето до следното задолжително шишање. Прво, за да се осврнеме на основните работи, ако сè уште му се спротивставувате на шишањето и вашата коса изгледа како сува слама, запрашајте се за што ви е долга коса, ако не е средена и ако изгледа нездраво и грдо?

Сега можеме да преминеме на следниот чекор, односно на соодветната грижа. Освен ако не брзате многу, немојте да ја сушите косата со фен, туку оставете ја сама да се исуши. Ако сепак ја изложувате косата на високи температури, со фен за коса или со пегла и фигаро, не заборавајте да нанесете производ што штити од топлина, изборот е навистина голем и ваквите производи ги има во секоја продавница за козметика.

Испуканите врвови ја погодуваат сувата коса, па доколку припаѓате на овие „среќници“, можеби е време да ја зголемите хидратацијата. Ставајте маска на вашата коса барем еднаш неделно, а по миењето би било добро да нанесете неколку капки масло, на пример арганово. Некои експерти, исто така, советуваат да ја чешлате косата додека на неа има регенератор или маска за да спречите испукување. Применувајќи ги овие трикови, сигурно ќе бидете чекор поблизу до негуваната и долга коса за која сонувате, па веднаш вклучете ги во вашата рутина.

Напиши коментар