Free zone

Со помош на овој трик сите чевли ќе можете да ги направите водоотпорни – Потребни ви се само неколку минути!

Со доаѓањето на зимата и се почестите врнежи, сите почнуваме да бараме нови чевли, кои ќе ги заштитат нашите нозе од водата.

Но, проблемот е што во повеќето случаи, само гумената чизма се смета за водоотпорна обувка. Продавачите се оградија со декларација, во која главно пишува „за суво време“. Недостатокот на гумените чизми е тоа што предизвикуваат вкочанетост и студенило, поради што многумина не ги сакаат.

Сепак, за да ги одржувате нозете суви дури и за време на секојдневните дождови, нема потреба да трошите големи суми на пари за нов пар чевли, затоа што постои трик што ќе ги направи старите чевли водоотпорни за неколку минути!

Едноставно, набавете пчелин восок! Премачкајте ги чевлите со оваа мешавина и оставете да упијат и да се исушат, а потоа избришете го вишокот со салфетка и подготвени сте за дождливиот ден!

Трикот работи и кога станува збор за платнени чевли, па затоа припремете се, така што ништо нема да може да ве изненади, но бидете внимателни – може да се случи платното да остане извалкано поради маснотијата.

Кога ќе ги намачкате чевлите со пчелин восок, водата едноставно ќе „бега“ од чевлите, без да се впива во нив, што подоцна доведува до влажни стапала и настинки.

Напиши коментар