After Midnight

SOS: Неколку знаци дека сте во врска со лошо момче

О да, сите ние сме, по некое непишано правило, добри девојки, кои барем еднаш го изгубиле умот по некое лошо момче. Причината за тоа сега им е добро позната на сите – запознавање со нив, флертување, тајни средби, сето тоа е една голема авантура, еден сочен залак, по што ќе огладнете многу брзо и ќе сакате повеќе, а лошото момче најчесто исчезнува, бидејќи тој не е оној со кого ќе можете да правите планови на долг рок, и ако тој веќе не е таков, дали треба да стапите во врска со некој таков? Постојат неколку јасни сигнали, кои многу брзо ќе ви покажат дека е лошо момче, а потоа останува на вас да одлучите дали сте подготвени да стапите во врска што не ви ветува ништо, уште од самиот почеток.

Не си стои на зборот – Тој ќе вети дека ќе ве повика, ќе ве однесе на незаборавен состанок, а потоа едноставно ќе исчезне на некое време, а кога повторно ќе се појави, воопшто не се сеќава на своите ветувања. Тој ќе ти каже дека му е жал, дека имал обврски, и ти, како и секогаш, ќе паднеш на неговиот шарм и ќе влезеш во маѓепсаниот круг на неговите исчезнувања.

Ве држи на дистанца – Веќе некое време се гледате, но тој воопшто не ги спомнува семејството или пријателите. Тоа ве држи на растојание од приватниот живот, што треба да биде јасен знак за вас дека не сте му во план, кога станува збор за сериозна врска.

Игра игри – Постојано игра топло-ладни игри и токму тоа ве тера да се вратите кај него. По секое исчезнување, тој се враќа полн со страст, со нежни разговори и прекрасни состаноци, но тоа никогаш не трае долго. Потоа повторно исчезнува и се прашувате кога повторно ќе го видите. Застанете на момент и размислете дали сте подготвени за таква врска, во која никогаш нема да знаете јасно на што сте.

Немате заеднички планови – Едноставно, тој не може да биде тука за да ги почитува вашите планови и договори, бидејќи секогаш има важни обврски, па кога тој ќе посака, вие секогаш излегувате и не ви претставува проблем да откажете состанок со пријателите. Ако не најде начин за да го почитува вашето време, размислете да вратите во иста мерка и да поработите малку на вашето достоинство.

Напиши коментар