Самоизолацијата од најмалку 14 дена врши дополнителен притисок врз врските, па затоа е важно да имате многу трпеливост и љубов да ја одржувате врската.
Ако имате деца, прочитајте ги стручните совети како да не се грижите премногу и да научат директно од вас за сè поврзано со корона вирусот, без половични или неточни информации.
Еве совет од експерт за парови во самоизолација!
„Седум дена треба да се воздржите од интимни односи ако некој од вас има симптоми како што се кашлица или треска“, советува микробиологот Пол Хантер за британскиот Sun.
“Ефектите од физички напор, како што е водењето љубов, сè уште не се доволно истражени во случаи на корона вирус. Затоа, најдобро е да се воздржите од односи”, советува тој.
Професорот Хантер прецизираше дека паровите кои се здрави и самостојно се изолирале, без симптоми, не треба да се воздржуваат доколку живеат заедно.
„Паровите кои живеат одделно, а еден од нив е во самоизолација, треба да избегнуваат каков било контакт за време на таа мерка“, рече тој.
„Главниот ризик за време на односот е фактот дека сте многу блиску, а преку бакнување или допирање на лицето на партнерот, можете да го пренесете вирусот“, рече тој.
Тој препорача целосна апстиненција во случај на еден или двајцата партнери да се во ризична група поради возраста или постојните здравствени проблеми, како и во случај партнерката да е бремена.
Професорот Хантер ја повтори важноста да ги миете рацете барем 20 секунди со топла, проточна вода и сапун, и да се воздржите од допирање на вашето лице или лицето на вашиот партнер.