Free zone

Совети од професионалци: Како да се исфенирате, а фризурата да ви трае со денови?

Кога трошите време и пари на фенирање кај фризер, меѓу другото, ви се допаѓа тоа што фризурата трае подолго отколку кога самите ќе се погрижите за неа. Сепак, честопати, многу дами не се задоволни со изгледот на косата следниот ден. Затоа, ви претставуваме неколку совети од фризери кои откриваат трикови што ќе ви помогнат фенираната коса да не исчезне преку ноќ, туку да трае во следните неколку дена.
Сè започнува со миењето на косата. Фризерите препорачуваат употреба на шампони-чистачи (лесно ќе ги препознаете затоа што на нив пишува прочистување, детоксикација или длабоко чистење, а ги отстрануваат и упорните наслаги од склопот), а потоа ставање регенератор, како и производи за стилизирање на косата.

Пред да започнете со фенирање, поделете ја косата на неколку делови (по можност осум), за да можете полесно и поквалитетно да ја исушите целата коса.

Како да направите фризура да потрае?

Експертите препорачуваат да користите округли четки и, наместо од задната страна, да започнете со фенирање од предната страна.

„Предните делови на косата се она што прво го гледате, па затоа сакате да ги исправате додека се влажни и додека имате поголема контрола над нив“, вели фризерот Џастин Андерсон, кој потоа препорачува додавање на сув шампон во вашата рутина за нега на коса.

Ако припаѓате на оние чија коса многу брзо се масти, нанесете шампон за суво миење на корените на косата дури и пред да биде потребно, бидејќи шампонот ќе помогне во апсорпција на нечистотии, така ќе можете да ја носите косата чиста подолго време.

Покрај шампонот за суво миење на косата, препорачливо е да се вклучи и спреј за текстура во рутината за нега на коса, што ќе го „финишира“ изгледот и ќе го продолжи неговото траење.

Друга работа што може да влијае на фризурата, а на која многумина посветуваат помалку внимание, е навлаката за перници. Професионалците ве советуваат да изберете свилени навлаки за перници кои ќе ви помогнат косата да изгледа посвежа следниот ден. Овие перници нема да ја нарушат структурата на косата.

Обрнете внимание каде е ви е косата кога спиете, најдобро би било ако е над перницата.

На крајот, она што сите го знаеме и кон кое е тешко да се придржуваме е дека треба да ја допираме косата што е можно поретко, бидејќи на тој начин само побргу се валка.

Напиши коментар