After Midnight

Совети за првиот бакнеж!

Почетокот на секоја врска секогаш е крунисан со бакнеж, иако првиот може честопати да одлучи, и е клучен за сите други подоцна. Затоа е многу важно да оставите добар впечаток кога прв пат се бакнувате.

Клучното прашање е како да го направите тоа?

Прво, неопходно е да го содржите огнот во вашето тело, да ја замолчите страста што се заканува да го уништи овој совршен момент со некаков несоодветен гест или допир.

Најважно е да не бидете груби, особено со јазикот, почнете со нежни скоро срамежливи допири.

Рацете треба да бидат на лицето или вратот на партнерот, во никој случај, што особено важи за машките раце да истражуваат во ерогени зони (читајте забранети места), ова може да се толкува многу негативно и да предизвика аверзија.

Ако се бакнувате со очите отворени, му покажувате на партнерот дека не сте сигурни за тоа што го правите, дека чекате некаква реакција. Најдобро е да го испразните умот, и едноставно да уживате во себе.

Напиши коментар