Free zone

Совршена шминка според бојата на вашата коса

Иако изборот на шминка е прашање на личен вкус, постојат одредени правила кои можат да ви помогнат да избегнете прекумерни контрасти и неприроден изглед. Внимателно избраните нијанси можат да го комплетираат целокупниот изглед, затоа при примена на шминка, дефинитивно треба да ја земете во предвид и бојата на вашата коса.

Црнокоса

Скоро сите нијанси добро одат со црна коса, па можете да си играте со нежни, но и со драматични тонови. Smokey eyes и тонови на слива се вистинскиот избор за нагласени очи и усни. За да не претерате со целокупниот изглед, користете потемни сјаеви и кармини со потемна сенка за очи или обратно. Бојата на руменилото треба да биде што е можно поприродна, по можност светло розева и праска. Прилагодете ја пудрата на бојата на кожата, избегнувајте премногу светли или премногу темни нијанси.

Бринета

На бринетите совршено им одговараат посветли тонови, затоа се препорачуваат земјени, бакарни и златни тонови при изборот на сенка за очи. Кармините треба да бидат со посветла боја, особено кога станува збор за дневна шминка. Исклучок е црвениот кармин, кој одлично им одговара на бринетите, а доколку се одлучите за него, не заборавајте да користите за нијанса потемен молив за усни. Истакнете ги веѓите со природни нијанси на кафеава боја, а руменилото усогласете го со нијансата на бојата на косата.

Црвенокоса

Црвената боја на косата е многу интензивна, па затоа треба да се одлучите за подеднакво интензивна шминка. За да ги потенцирате очите, користете златни, виолетови, кафеави или зелени тонови со црна или кафеава маскара. Smokey eyes во овие нијанси совршено ќе ви ги истакнат очите. Ако сакате да ставите акцент на усните, препорачуваме кафеави или црвеникаво-кафени нијанси. Избегнувајте розови руменила. Тие треба да бидат во кафеави тонови кои ја неутрализираат црвената боја на косата.

Русокоса

Ако имате посветол тон на кожата, природните и посветли нијанси, а особено бронзените, совршено ќе ви одговараат. Се препорачува и виолетова, сива, како и бојата на песок. Очите можете да ги потенцирате и со црн молив или ајлајнер. Класичното smoke eyes е одличен избор, а се препорачуваат и посветли бои. Нијансите на розова и црвена боја се одличен избор при изборот на кармин, а се препорачува да користите и бронзер, особено навечер. Избегнувајте портокалови нијанси на руменило. Исто така, проверете дали веѓите се пренагласени, тие треба да бидат за нијанса или две потемни од бојата на косата.

Напиши коментар