Celebrity

Спајдермен – Најпознатиот лик на сите времиња, но знаете ли како е навистина создаден?

„Спајдермен“ е еден од најпопуларните суперхерои и секако најомилениот јунак на Марвел. Знаеме дека Спајдермен е создаден од, сега веќелегендарниот, Стен Ли. Сепак, тој не го создаде Питер Паркер сам.

Ликот на Спајдермен, како што го познаваме сега, е дизајниран и нацртан од Стив Дитко. Сепак, Дитко никогаш не сакал популарност и слава, поради што сега е скоро и заборавен. Тој ги создаде ликовите како што се Доктор Стрејнџ, Грин Гоблин, Капетан Атом и Гуштер, но тој одби да се појави на промоциите, како и да дава интервјуа.

Дитко беше во сериозен конфликт со Ли. Имено, тој го напушти Марвел во 1966 година, откако неколку години беше ексклузивен автор на серијалот стрипови „Чудесниот Спајдермен“. Никогаш не објасни зошто замина. Стен тогаш изјави дека Дитко станал напорен, затоа што сметал дека е најголемиот генијалец во Марвел. Го нервирало и тоа што Дитко сакал да диктиа и како ќе се одвива приказната, наместо „само да црта“. Извори од индустријата изјавија дека двајцата постојано се расправале за ситници. Некое време Дитко работел и за DC.

Дитко, исто така, бил вознемирен и што не добил ниту цент од авторските права за филмовите за Спајдермен и д-р Стрејнџ со Бенедикт Камбербач.

Дитко, сепак се врати во Марвел во 80-тите години на минатиот век. Од време на време, тој создаваше нови стрипови за Марвел, сè до неговата смрт во 2018 година. Тој не се помири со Ли сè до неговата смрт. Еден од последните познати ликови што Дитко го создаде е „Squirrel Girl“.

Напиши коментар