Celebrity

Започна снимањето на третиот дел од филмот: Спајдермен сега носи две маски!

Снимањето на филмот „Спајдермен 3“ започна минатата недела, а веќе се појавија и првите фотографии.

Имено, актерот Том Холанд, повторно ќе го игра Питер Паркер во неговиот последен соло филм. Значајна улога ќе има и ликот на Доктор Стрејнџ, кој го игра актерот Бенедикт Камбербач. Снимањето се одвива во Атланта, а актерите и вработените се добро заштитени од зараза. Засега, снимањето се одвива редовно, со дополнителни мерки за заштита, а идејата е на сетот потполно да се спречи ширењето на вирусот.

Токму поради тоа, актерот Том Холанд објави урнебесна фотографија на својот Твитер профил и напиша: „Чувајте се и носете маски! Гледате, јас носам дури две!“

Напиши коментар