Фирмата Cosnova GmbH започна иницијатива заедно со своите брендови essence, CATRICE & L.O.V, за поддршка на сегашната состојба во борбата против вирусот корона.

За секоја објава или приказна, овие брендови за убавина додаваат 5€ на веќе обезбедена донација од 500.000 евра, за Médecins Sans Frontières (Лекари без граници – @doctorswithoutbords) – меѓународна, хуманитарна и невладина организација која обезбедува медицинска помош на жртвите на вооружен судир, епидемии и природни или катастрофи предизвикани од човекот.

Со надеж дека со наше учество донацијата ќе се зголеми до 1 мил.€.

Клучната порака е да се подигне свеста за важната тема #SocialDistance.

За да ја споделат оваа иницијатива, брендовите ве покануваат да го испратите вашиот дигитален бакнеж, а секој дигитален бакнеж се брои.

Придружете се на оваа донација за добра причина – против #корона.

Споделете го вашиот дигитален бакнеж со оние што ви недостасуваат и подигнете ја свеста за #socialdistancing, а еве како:

1. Објавете дигитален бакнеж со хаштагот #kisstance

2. Означете ги во постот @essence_cosmetics @ catrice.cosmetics

3. Додадете ја вашата локација

За секоја објава или приказна, cosnova GmbH додава 5€ на донацијата од 500.000 евра.

Повеќе информации имате на Инстаграм профилите @essence_cosmetics @catrice.cosmetics.

Држете #kisstance со вашите најблиски и не заборавајте да споделите дигитален бакнеж.

Напиши коментар