Популарниот американски бенд „Twenty One Pilots“ официјално влезе во Гинисовата книга на рекорди. Музичарите го објавија најдолгиот спот на светот.
Станува збор за видео запис за песната „Level Of Concern“. Во текот на летото, членовите на бендот побараа од обожавателите да им испратат снимки на кои пеат, играат или свират на нивната нова песна. Во текот на претходниот месец, тие ги споија сите снимки и направија константен „стрим“. Продолженија само се додаваа.
Преносот беше официјално завршен пред неколку дена и сега Гинис потврди дека го собориле рекордот. Видеото официјално трае 4.264 часа, т.е. 177 дена. Засега не е достапно на YouTube, бидејќи трае премногу долго. Сепак, членовите на бендот рекоа дека наскоро ќе најдат начин како да и го прикажат целото видео на публиката.