Free zone

„Среќата зависи од нас самите“ – Ова е највредниот животен совет што некогаш ќе го добиете!

Вистински среќните луѓе одамна го научиле рецептот за успех и живот исполнет со радост. Тајната е многу едноставна и гласи вака: „Научете да им простувате на лошите луѓе од срце, не задржувајте го својот гнев и барајте по нешто добро во сè“.

Сè започнува од нашата глава, ако решиме да бидеме среќни, ќе бидеме. Ако во сè гледаме само лошо, ќе ни се случуваат такви работи.

Потсвеста бележи сè што е втиснато во неа, за подоцна да го пренесе во реалноста, па затоа е многу важно да се опкружувате со позитивни мисли.

„Начинот на кој сакате луѓето да мислат за вас, така мислете и вие за нив, како сакате луѓето да се чувствуваат кон вас, така чуствувајте и вие за нив, како што сакате да се однесуваат кон вас, така однесувајте се и вие“, пишува во „Моќта на потсвеста“ од Џозеф Марфи.

Тој го објаснува ова вака: „Можеби сте љубезни кон колегата од работа, но кога тој ќе ви сврти грб, почнувате да мислите се најлошо за него, ваквите деструктивни мисли имаат негативно влијание и врз вас“.

Всушност, на овој начин земате ментален отров којшто ви ја одзема виталноста, енергијата, радоста, силата и добрата волја. Негативните мисли брзо преминуваат во потсвеста и предизвикуваат секакви животни тешкотии. Кога мислите лошо за другите, мислите лошо и за себе.

На патот низ животот, ќе се сретнете со добри и лоши луѓе, но мора да разберете дека сите тие биле испратени во нашите животи со причина. Оние помалку добрите се тука за да ни дадат некои лекции, па дури и онаа најважната, лекцијата за прошка.

Ако некој ве повреди, простете му. Не за него, туку за себе. Задржувањето на гневот не ви носи ништо добро. Простувањето е лекување, особено занас. Оној кој учи вистински да простува, ја сфаќа среќата.

Кога забележувате дека се појавуваат негативни емоции, пред тие да ве преземат контролата над вас, имате време да ги промените. Гневот и бесот претворете ги во љубов. И кога ќе ги научите овие две правила, никој нема да може да ви го расипе денот и да ви ја наруши хармонијата.

„Ќе страдате многу ако обвините други луѓе за секој ваш неуспех.

„Штом сфатите дека сè зависи само од вас, ќе доживеете мир и радост“, вели Далај Лама.

Напиши коментар