Celebrity

“Star wars” повторно ќе стапи на сцената: Тринаесеттата епизода на “Mandalorian” се вика „Џедај“

Најавено е дека овој петок пред публиката ќе пристигне долго очекуваната епизода од серијалот „Мandalorian“, во која ќе се појави еден од најпопуларните ликови од светот на “Star Wars”.

Имено, тринаесеттата епизода се вика „Џедај“ и тоа ќе биде првпат Џедај да се појави во оваа популарна серија на Дизни. Епизодата е во режија на Дејв Филони (еден од авторите на серијата) кој ја создаде и хероината што ќе ја запознаеме во новата епизода.

Се претпоставува, но сè уште не е официјално потврдено, дека славната Асока Тано ќе се појави во оваа епизода. Знаеме дека главниот лик во претходните епизоди беше испратен да ја пронајде Асока Тано и дека хероината ќе ја игра актерката Росарио Досон.

Асока најпрво се појави во долгометражниот цртан филм „Clon wars“, како и во цртаните филмови „Clon Wars“ и „Rebels“, а набрзо потоа стана еден од омилените ликови меѓу обожавателите.

Којa е Асока Тано?

Тaa е еден од најинтересните ликови од светот на „Star wars“. Асока му беше студентка на Анакин Скајвокер и порасна за време на “Clon wars”. Овој период го помина учејќи од Анакин, Јода и Оби Ван Кеноби, а разви и братска врска со Анакин. Таа е една од првите Џедаи која ги доведе во прашање и отфрли учењата на Џедаите, што го прави нејзиниот лик исклучително интересен. Сфаќајќи дека не може слепо да ги следи правилата што Џедаите ги диктираат, се оддели од нив. Сепак, секогаш беше на светлата страна на Силите.

Напиши коментар