Free zone

Стави се себе на прво место: Сосема е океј да си дадеш одмор и да се опуштиш

Знаеме дека ти е потребно да го слушнеш ова – понекогаш е во ред да се ставиш себеси на прво место и да не се чувствуваш виновна за тоа.

Сосема е јасно дека, поради сè што се случува во светот, ти си под стрес и дополнително се грижиш за твоето семејство, другарите, факултетот, училиштето, работата…но, сосема е во ред да си одмориш и да се опуштиш. Еве ги нашите совети како да го победиш стресот:

Одмори се од социјалните мрежи
Дали читањето вести ти носи стрес и вознемиреност? Знаеме дека е важно да бидете во тек со сè, но поважно е да се грижиш за твоето ментално здравје. Затоа предлагаме детоксикација од социјалните мрежи.

Нека биде за време на викендот или оние денови кога немаш обврски. Од друга страна, офлајн животот има многу предности, така што ќе имате многу повеќе време за разни, забавни работи како што се читање книга, испробување на нови пози за јога или DIY туторијали.

Слушај музика
Дури и кога си зафатена, слушањето музика е добра антистресна терапија. Направи список со омилените песни што ќе ти го подигнат расположението.

Угоди си на себе преку шопинг
Не, тука не зборуваме за трошење илјадници и илјадници денари на работи што нема да те направат среќна на долг рок, туку за нешто сосема друго. Неколку маски за лице, што од секогаш сакше да ги пробаш? Може! Нова книга од твојот омилен автор за која немаше време? Може! Неколку џиџи – миџи од делот за подароци? Да! – Подари си нешто што целосно ќе те опушти.

Напиши коментар