Концерт во чест на медицинските професионалци ширум светот.
Легендарниот рок бенд The Rolling Stones ќе се вклучат денес, 18.4. во живо преку социјалните мрежи и ќе им се придружат на Пол Мекартни, Стиви Вондер, Елтон Џон и многу други музички sвезди.
Сите тие ќе настапат како дел од добротворниот настан „Еден свет: Заедно дома“ во чест на медицинските професионалци ширум светот.
„Чест ни е што сме поканети да бидеме дел од овој настан и да учествуваме од нашите домови“, се вели во изјавата на Стонси.
Настанот ќе се емитува во 14 часот преку социјалните мрежи и платформите во живо, а средствата ќе бидат насочени кон поддршка на организацијата „Граѓани на светот“ за поддршка на здравствените професионалци кои се во првите борбени редови против пандемијата и Светската здравствена организација.
Стонси ја откажаа летната турнеја во Северна Америка, која требаше да трае од 8 мај до 9 јуни, поради пандемијата од вирусот.