Напишана е за само десет минути и алудираше на моменталната светска состојба.
Британскиот бенд The Rolling stones конечно објави нов сингл, „Living In A Ghost Town“, по осумгодишен прекин.
Зборовите на песната алудираат на кризата во која се наоѓа светот денес, а особено во оној дел каде се пее дека животот бил убав пред изолацијата, како и оној во кој фронтменот на бендот, Мик Џегер вели дека се чувствува како дух кој живее во град на духови.
Сепак, во соопштението на групата се вели дека песната првично е снимена пред една година во Лос Анџелес, но се заврши за време на карантин.
„Мислевме дека ќе одекне во времето во кое живееме сега“, рече Џегер и додаде дека песната е напишана за околу десет минути.
„Не беше напишана за сегашната ситуација, но беше напишана за тоа како е да се биде на место кое е полно со живот, а потоа како сега, кога сè е безживотно“, изјави Џегер пред странските медиуми.
Living in a ghost town е првиот сингл што го објавија Стоунси од 2012 година, кога излегоа нивните две песни Doom and Gloom и One Another shot.