Овен – На овој хороскопски знак му е потребна една Девица – разумна, внимателна, сочуствителна, сигурна и грижлива. Партнерот во знак на Девица ќе му влијае на Овенот да биде спонтан, динамичен и понекогаш да застане цврсто со двете нозе на земјата.
Бик – На Бикот не му оди добро без Водолија во животот. Имено, Водолијата е полна со енергија и темперамент. Овие карактеристики го воодушевуваат Бикот, затоа што тој знае како да ужива во животот, но понекогаш може да биде бавен и флегматичен.
Близнаци – Близнаците не можат да го замислат животот без Бикот. Тој е многу трпелив, срдечен и силен, а сето тоа го прави идеален за енергичните Близнаци.
Рак – Ако постои знак без којшто Ракот не може, тогаш тоа со сигурност е Скопријата – храбра, одлучна и бестрашна. Покрај тоа, страствена и верна. Сето ова му е потребно на емотивниот Рак.
Лав – За да му се исполни животот, на Лавот му треба Водолија во својата близина, или како пријател, или како член на семејството ипар тнер. Лавот може да профитира од независноста, одлучноста и енергијара што ја краси Водолијата. Таа ги импресионира спонтаните Лавови и е полна со самодоверба.
Девица – Со својот хумор и релаксација, Стрелецот е перфекционист исто како Девицата, што понекогаш може да биде и нејзината совршена половина.
Вага – Луѓето родени во знакот на Вага имаат потреба од Риби во нивниот живот, бидејќи тие се сочувствителни, имагинативни и интуитивни. Токму овие квалитети и одговараат на емотивната Вага, која се стреми кон рамнотежа.
Скорпија – На Скорпиите им е многу тешко без чувствителните Ваги. Скорпиите, од друга страна, честопати се многу инстинктивни, строги и предизвикувачки, па затоа се совршен пар.
Стрелец – На Стрелците им е потребен еден Лав во животот – грижлив, одговорен и шармантен, објективен и совесен. Овие квалитети се совршена спротивност на авантуристичкиот, но понекогаш и лековерен Стрелец.
Јарец – Животот на Јарецот ќе биде поисполнет ако го помине во друштво на Близнаци. Имено, Близнаците се љубопитни, дружеубиви, живи и комплексни, а сето тоа го импресионира совесниот, често воздржан Јарец.
Водолија – Водолијата има потреба од Рак како партнер – чувствителен, кој има смисла за хумор и имагинација. Исто така, Ракот е грижлива личност која ја надополнува Водолијата, бидејќи понекогаш може да биде многу импулсивен и агресивен, па дури и нервозен и ексцентричен.
Риби – За Рибите животот без Јарецот би бил многу потежок. Јарецот е објективен, концентриран и сигурен. Покрај тоа, тој е верна душа. Ова е токму она што му треба на емотивниот, а понекогаш и преосетливи Јарец.