Фармерките се идеално парче облека, и сите ги сакаат, но воглавно за да се осигураме дека ни одговараат, мора да ги пробаме, особено ако се работи за цврст тексас.
Секој барем еднаш се нашол во ситуација некаде да брза или редот пред гардеробата да е огромен, па баш поради тоа, се откажал од купување на фармерките.
Сè што треба да направите е да најдете одреден модел фармерки за кои мислите дека ќе ви одговараат и делот од фармерките што оди околу половината да го ставите околу вратот, a доколку краевите се спојат, тоа значи дека фармерките сигурно ќе ви одговараат!
За да ви биде појасно, погледнете го следното видео: