Free zone

Супер трик за нанесување маскара: Ова е тајната на најубавите трепки

Познатите стилисти честопати бараат инспирација за нанесување маскара и постигнување фантастично нашминкани очи, во девојките од ерата на Златниот Холивуд.

А, кога ќе ги погледнеме сликите на познатите актерки од тоа време, не можеме да не се запрашаме која е техниката на шминкање, со оглед на тоа што тогаш не биле достапни ни третина од производите кои се достапни денес.

Она што го правеле не е тајна, колку што е начинот на кој ја нанесувале маскарата, што благодарение на аголот под кој се нанесувала, на потполно поинаков начин им прилегала на трепките.

Оваа тајна ја откри Дакота Џонсон сосема случајно, зборувајќи за нејзината дневна рутина на шминка и нега, па токму во тој разговор откри дека од нејзината баба – која е всушност, хероината на славниот Хичкок – Типи Хедрен, научила како да става маскара.

Станува збор за начинот на кој се нанесувала маскарата на трепките и начинот на кој тие го правле тоа (не само бабата на Дакота и дивите на Златниот Холивуд), туку и нашите баби, но со текот на времето – бидејќи е малку посложен, овој начин едноставно се заборава.

Наместо да гледате директно во огледалото или нагоре и да нанесувате маскара од внатрешната страна на трепките, погледнете надолу и нанесете маскара од коренот до горниот дел на трепките.

Што добивате: трепки, коишто се намачкани по целата должина, без дамки под веѓите.

Напиши коментар