Греми наградата, една од најпрестижните музички награди во светот, оваа година може да и припадне на Блу Ајви Картер, осумгодишната ќерка на Џеј Зи и Бијонсе. Имено, нејзината мајка, супер – ѕвездата, беше номинирана е за нејзиниот спот за „Brown Skin Girl“, во кој Блу Ајви ги пее вокалите.
Блу Ајви првично не беше на списокот на номинирани, но Греми неодамна ја ажурираше својата веб-страница, а таму се појави и името на младата пејачка. Покрај неа, нов е и Вискид (30), кој пее и се појавува во ова видео.
Дали оваа девојка ќе го земе златниот грамофон, ќе дознаеме на 31 јануари 2021 година, кога ќе се одржат Греми наградите.
Оваа година беше проблематична за многумина, но многу успешна за Блу Ајви, која започна да заработува на возраст од само осум години. Првата плата ја доби како наратор на аудио книгата „Hair Love“, филм што го освои Оскарот за најдобар краток анимиран филм годинава. Приказната се врти околу еден татко Афроамериканец, кој се обидува да и помогне на својата ќерка да ја стилизира својата “немирна”, раскошна коса, за прв пат во животот.