Celebrity

Тејлор Свифт конечно ќе може да ги сними песните од своите први албуми

Веруваме дека не сте ја заборавиле драмата што Тејлор ја имаше со Скутер Браун, кој стана сопственик на нејзините главни снимки кога ја купи издавачката куќа Big Machine, и покрај тоа што Тејлор во повеќе наврати бараше понуда за да ги купи своите песни.

Во пракса, ова значи дека сите права на музиката којашто ја создала Теј, се во сопственост на други луѓе.

Затоа, пејачката во 2019 година откри дека повторно ќе ги сними сите песни од првите 5 албуми, за конечно да бидат во нејзина сопственост.

Тоа право и е загарантирано со договор, во кој пишува дека може повторно да ги сними песните по 5 години од издавањето на албумот.

„Причината поради која сакам повторно да ја снимам мојата музика е затоа што сакам таа да продолжи да живее. Сакам да ја има во филмови, сакам да ја има и во реклами. Но, тоа го сакам само ако биде во моја сопственост.“

Напиши коментар