Celebrity

Тејлор Свифт незапирлива: Го објави новиот албум под наслов “Evermore”

Откако издаде албум во јули 2020 година, со кој собори многу рекорди, a коj критичарите и влијателни музички медиуми го прогласија за албум на годината, таа реши да не изненади и да објави нов.

Албумот “Evermore” е нејзин деветти студиски албум, а како што и самата напиша, тој е продолжение на фолклорниот албум.

„Поедноставно кажано, не можевме да престанеме да пишуваме песни“, рече таа, истакнувајќи дека соработниците се истите од порано: Арон Деснер, Џек Антоноф, WB (Вилијам Бауер ака Џо Алвин) и Џастин Вернон, покрај кого се појавуваат и некои други имиња.

Дигиталното издание на албумот има 15 песни, додека физичкото издание ќе има и 2 бонус песни.

Напиши коментар