На самиот крај на 2020 година, пејачката Тејлор Свифт целосно ги сруши сите музички топ листи. Имено, одеднаш издаде нов албум наречен „Еvermore“.
Таа веќе објави еден албум годинава, но изјави дека за време на карантинот била многу инспирирана и дека не можела да престане да пишува. Со соработниците со кои работеше на албумот „Folklore“ до пред неколку месеци, таа го направи и овој нов албум. Новите песни ги пишувала во тајност и далеку од очите на јавноста.
Албумот го издаде без претходно известување и ги остави фановите без зборови. Деветтиот студиски албум „Evermore“ има 15 нови нумери. Овој албум го нарече сестрински проект на албумот „Folklore“, кој го издаде во јули. Новите песни веќе се најдоа на нејзиниот официјален YouTube канал.
Погледнете го спотот за песната „Willow“: