Celebrity

Теорија на заговор: Дали Ким Кардашијан има 6 прсти?

Ким Кардашијан одлучи еднаш засекогаш да стави крај на гласините дека има шест прсти.

Таа објави видеа на Инстаграм како доказ дека има „само“ 10 прсти. „Значи, сите мислат дека имам шест прсти и тоа е навистина лудо“, рече ријалити ѕвездата, покажувајќи на ногата во левата сандала.

Таа потоа објасни зошто често изгледа како да има шест прсти.

Овој дел од стапалото ми се затегнува кога носам сандали, па имам мала испакнатина на левата страна и… не знам зошто, на фотографиите изгледа како да имам шест прсти “, продолжи таа.

Сепак, Ким не е лута поради ова: на следнотa слика таа се смее и додава:

„Се надевам дека одговорив на сите прашања во врска со шестиот прст, затоа што навистина имам само пет, на секое стапало“.

Дали и верувате или не?

Напиши коментар