Free zone

Тетоважите како симбол на пријателството – Ова се најдобрите тетоважи кои можете да ги направите заедно со вашата пријателка

Оваа година беше навистина турбулентна, нема сомнеж во тоа. Ни донесе многу лоши работи, го изнесе на површина сè она што го туркавме под тепих, и на глобално и на лично ниво, но исто така под рефлектор стави и некои драгоцени нешта, како што е – пријателството.
Сите знаеме дека не е толку лесно да се најде личност за која можете да кажете дека е ваш пријател, а ако можете да се пофалите со неколку од нив во вашиот живот, малку е да се каже дека сте богата личност.

Постојат различни начини преку кои пријателството може да се овековечи и прослави. Ако ја споделите вашата љубов кон тетоважите со вашата најдобра пријателка, или со некоја од нив, ние ви претставуваме неколку предлози кои, ако ништо друго, ќе ви дадат идеја. Погледнете ги тетоважите од авокадо, цвеќиња и најразлични пораки….На вас е да изберете или да направите некоја комбинација од нив.

Напиши коментар