Celebrity

ТикТок ѕвездата Џејден Хослер се најде на мета на осуди поради стари твитови – Дали бил доволно свесен што прави?

Џејден Хослер е една од најпопуларните ТикТок ѕвезди и поранешен член на екипата Sway House. Овој 19-годишник има 8 милиони следбеници на оваа социјална мрежа, а покрај забавата, тој се занимава и со пеење.

Неговиот деби сингл “Comatose” беше објавен во февруари годинава, а во јуни тој реши да се фокусира на својата музичка кариера. Но, овие денови не се најде во центарот на вниманието поради тоа.

Интернетот успеа да ги ископа неговите твитови од 2017 година (кога имал само 16 години) во кои тој ја пофалил американската десничарска организација. Иако повеќе нема твитови, одредени снимки кружат на интернет.

Џејден не го негираше ова, но реши да признае дека направил грешка и им се извини на своите следбеници:

„Дефинитивно се извинувам за зборовите од минатото, коишто повредиле многумина. Не се согласувам со работите што ги напишав и благодарен сум за она што сум денес. Ве молам, разберете, ова не се само зборови, туку зборовите ги следат моите дела“, напиша тој.

Иако сето ова се случи во јуни, Џејден неодамна откри дека тој и неговото семејство се уште се мета на злоставување преку Интернер.

„Не сакав да се занимавам со ова бидејќи поентата на извинувањето е да научиме и да продолжиме понатаму, како што и направив. За оние кои мислат дека знаат сè, ќе го ретвитнам моето извинување. Моето семејство доби толку многу навредливи пораки, што сè отиде навистина предалеку“, напиша тој и додаде дека омразата се прелеала и врз неговите пријатели и дека луѓето треба да шират љубов.

Напиши коментар