Celebrity

ТикТокерoт Брајс Хол ја обвини Аријана Гранде дека пандемијата ја користи за маркетинг

Аријана Гранде јавно ги обвини sвездите од ТикТок за непочитување на физичкото дистанцирање и собирање на јавни места. Таа уште еднаш апелираше до луѓето да внимаваат, но не сите мислат дека нејзините апели се искрени.

ТикТокерот Брајс Хол, верува дека пејачката ги искористила ТикТокерите како маркетиншки трик. Хол ги изнесе своите тврдења во врска со тоа: „Непотребно е да се именува одредена група на луѓе, особено кога и други ги прават истите работи“, започна тој.

„Таа знае дека TикТокерите имаат голема публика. Знае дека повеќето ќе се согласат со неа, бидејќи поголем број на луѓе особено ги мразат“, продолжи тој и додаде: „Очигледно, ова беше маркетиншки потег и добро е за неа. Но, не дека не е во право“, заклучи тој.

Иако Аријана не ги спомена, јасно е дека мислеше на нив.

Напиши коментар