After Midnight

Типови на девојчиња кои не му се привлечни на ниту едно момче

Оние кои цело време нешто бараат и никогаш ништо не им е доволно
Добро е да имате критериуми и да не се согласувате на ништо помалку од она што мислите дека го заслужувате, но треба да ги одржувате и да бидете реални. Ваквите типови на луѓе кога излегуваат со некого, тие ќе сакаат да ја втурнат таа личност во нивниот калап што е можно повеќе и да се обидат да ги променат ситниците на таа личност, за што е можно подобро да одговараат на овие замислени критериуми. Тоа не е знак на здрава врска и многу момци нема да трпат такво нешто. Без разлика дали барате да се гледате повеќе, да ве „тагираат“ повеќе на социјалните мрежи и да објавуваат фотографии со вас, или да играат помалку игри, а повеќе да комуницираат со вас – на момците им пречи таквото однесување, а да бидеме реални, ова би му пречело на секого.

Drama Queen
Драмата е последното нешто што момците го сакаат во животот. Ако внесете драма во неговиот живот, можете да очекувате дека тоа ќе го одбие и ќе престане да комуницира со вас. Врската треба да биде пријатна и забавна, а не нешто за што треба да се грижи цело време, бидејќи тој не знае како ќе реагирате на нешто. Оние што прават драми во врска веројатно и не се подготвени за врска.

Луѓе кои критикуваат сè околу нив
Околу нив секогаш постои облак од негативност и тоа не привлекува никого. Некој кој ќе најде нешто лошо во сè, забелешка, без разлика дали станува збор за други луѓе, ситуации или што и да е, не е личноста што некој ја сака во неговото општество. Дали сакате да се дружите со таква личност? Најверојатно не. Дури и ако е сè лошо, кога сте некаде со момчето кое ви се допаѓа, наместо да го потенцирате лошото, свртете ги работите и пронајдете ги позитивните страни. Секогаш ги има, само треба да ги забележите.

Напиши коментар