Серијата филмови „After“, по книгите, го привлекува вниманието на јавноста, особено откако вториот дел, „After we collided“, пристигна во киносалите ширум светот.
И додека филмот беше дочекан со аплауз од задоволните обожаватели, дел од јавноста го осуди прикажувањето на токсичната врска помеѓу главните ликови, Хардин и Теса.
Главниот актер, Хероу Фајнс-Тифин сега застана во одбрана на ликот што го игра, како и на филмската франшиза.
„Луѓето нè критикуваат затоа што наводно промовираме токсична врска, но морам да нагласам дека ова е индустрија за забава. Ова не е правилник за тоа како луѓето треба да се однесуваат “,
„Мислам дека луѓето се забавуваат од врската помеѓу Хардин и Теса, бидејќи тие не сакаат да бидат во токсична врска, па, затоа ги поддржуваат, се обидуваат да им помогнат да се борат против тоа“, додаде тој.
„Многу филмови ги избегнуваат овие теми токму поради осудата, затоа што често се случува луѓето да ве критикуваат, поради токсични односи во филмот.“
„Реалноста е дека такви работи, за жал, постојат и дека, ако нешто не оди добро, тогаш можеби не треба да сте во врска. Ова е сложена тема, но затоа е добро да се зборува за тоа “, објасни тој и заклучи:
„На крајот, ќе дознаеме дали двајцата успеале да одржат контакт, како успеале или зошто не успеале.“