Astro&Horoscope

Толкувања стари 200 години – Народен календар за сите 12 хороскопски знаци

Она што веќе 200 години останало запаметено се толкувањата за сите 12 хороскопски знаци.

Астролошките толкувања се објаснети на едноставен, народски начин, според кои секој хороскопски знак се изедначува со еден месец во годината.

Јануари или Водолија

Родените во овој хороскопски знак се брбливи, досетливи, со непостојано мислење, односно едно ќе кажуваат, друго ќе прават. Искрени се и добродушни, но за жал лесно се разгневуваат и лутат. Кога ќе се опијат, занесени се и ги гушкаат и сакаат сите.

Можно е да имаат белег од раѓање на градите, рамениците, ноктите или плешките.

Во месец февруари ќе имаат најголеми шанси за заработка на пари, а во јуни ќе бидат склони на болести. Во јули ќе стапат во брак, но до 30 години добро ќе проживеат, уживајќи во секакви задоволства.

Болките ќе бидат најчести во жилите, колениците и главата.

Водолиите сакаат долго да спијат, ништо не им е по ќеиф, а околу нив луѓето често ќе го чувствуваат краткото трпение и долгиот јазик.

Февруари или Риби

Родените во овој знак се со среден раст, дебели усни и тешко тело. Лесно се навлекуваат на науките кои ги интересираат, сакаат да патуваат по сестрани предели и се добри газди. Ќе се збогатат лесно, веројатно по линија на наследство.

Можно е да имаат белег од раѓање на образот, рацете или главата.

Добри ловци се, па никој не може да ги нападне. Склони се на афери со мажени/женети лица.

Најчести се болките во нозете, забите и очите.

Родените во февруари треба да се чуваат од немирниот дух, од зимата и од недостатокот на железо. Живеат пристоен живот и обожаваат кога добиваат пофалби.

Март или Овен

Родените во овој знак често се слабокрвни, добри и верни службеници, имаат големи усни, мудри се, чесни, со јуначки дух и не знаат за страв. Лесно се лутат, но за среќа уште полесно им поминува.

Се очекува во животот да шета низ светот, да достигне голема слава, но само ако се чува од незгодното друштво.

Во март има среќа во сè. Август е најризичен за болести. Во септември и ноември би било добро да се посвети на стекнување богатство.

Знаците родени во Март се склони на болки во колениците, срцето и на повремени депресивни моменти.

Април или Бик

Луѓето родени во април се вредни и добронамерни, заради што целиот свет ги почитува. Имаат страшен поглед по кој ќе го познаете. Сака игри на секое поле и сака да му се предаде на немирниот дух.

Сака кога му се доверуваат тајни. Не прашуваат за совети, ниту ќе послушаат туѓ совет, колку и да е добронамерен.

Биковите не знаат што значи да се врзеш за еден човек.

Месец април му е среќен за пари и добивки. Во мај го очекува успех на работното место. Да се чува од лоши друштва, бидејќи може од нив да добие сериозни болести.

Лесно се противи на секаква неправда. Не сака да има пријателства кои не му ги исполнуваат критериумите.

Најчесто пати од главоболки и болки во очите.

Мај или Близнаци

Родените во овој месец се итри, со остар поглед и полни со многу мудрости, заради што лесно стекнуваат слава. Паметни се, лесно се сожалуваат и се надарени со добар дух.

Лесно заработува пари, но не знае да ги цени, па затоа често запаѓа во неволји. Често се лути, многу зборува.

Белег од раѓање веројатно ќе има на главата или ноктите.

Најголеми шанси за брак има во септември, во октомври го очекуваат немоќ и слабост.

Треба да се чуваат од болки во стомакот и градите, но и од силни главоболки и мигрени.

Јуни или Рак

Јунските деца, односно Раковите, се разумни, сакаат да бидат секогаш дотерани,имаат убаво тело, бел и нежен тен. Среќата им е непостојана, од јадење и пиење не можат да се воздржат, а на лагите лесно им веруваат.

Сака да биде фален и озборуван, но честопати лесно верува. Поборник е за вистина и искрени пријатели.

Најголеми болки ќе има во забите, рацете и нозете. Сепак, долгиот живот им се препишува токму нив.

Имаат добар карактер, добри намери и уште подобро срце, но може да бидат несреќни во љубовта.

Мај му е најнесреќниот месец, па мора да внимава на секое поле.

Јули или Лав

Родените во овој знак се склони на добри и јуначки дела, трудољубиви се, ја сакаат правдата и затоа се омилени. Добронамерни се и со чист образ.

Белег од раѓање веројатно имаат на градите или на страната од торзото.

Жедни се за власт, но кога ќе ја достигнат, им недостасува топлината на семејството и домот.

Во јули имаат голема среќа, но во август ефективноста им се намалува. Родените во месец јули може да очекуваат богатство во втората половина од животот.

Имаат жесток карактер, па затоа страдаат од чести главоболки, а понекогаш и болки во забите.

Август или Девица

Родените во овој месец се милосливи, со добра волја и лесно учат новитети. Треба да се чува од големи и моќни луѓе, бидејќи тие никогаш нема да му бидат пријатели.

По природа е зборлест, а во сопствената чест ќе вложува најмногу.

Треба да се чува од вода и од болки во очите, главоболки и грозници.

Во јули треба да се воздржи од стапување во брак, а среќата и парите му се наклонети во август.

Белег од раѓање веројатно има на срцето, градите или вратот.

Септември или Вага

Вагите имаат лут и жесток карактер, голем нос и среден раст. Сака откачен живот, луди забави и чести патувања, но во втората половина од животот ќе сфати дека не е исполнет.

Септември му е успешен месец на секое поле, а во октомври го следи среќа во напредокот на работното место. Јули исто така му е успешен месец.

Се разбира во многу работи, па затоа кога родените во септември зборуваат, сите ги слушаат.

Во бракот се среќни, сакаат и планираат да имаат многу деца, а избегнуваат луѓе кои сакаат да наштетат на било кој и било како.

Најчесто имаат болки во прстите, главата и грбот.

Октомври или Скорпија

Кај Скорпиите најважно е домашното воспитување. Ако од рана возраст не бидат воспитани внимателно, понатаму во животот ќе имаат лош и непредвидлив карактер. Сакаат пари и склони се на лаги.

Физички се со среден раст и жилави. Карактерно се ладнокрвни.

Во месец мај треба сериозно да бидат загрижени за своето здравје.

Лесно се зближуваат со моќни луѓе и значајни имиња, затоа што сакаат да бидат забележани. Но, уште полесно се лутат и влегуваат во конфликти.

Патат од болки во главата, стомакот и коските.

Ноември или Стрелец

Родените во овој знак се разумни, паметни, со темни очи и мускулесто тело. Лесно ќе ве купат со зборови.

Белег од раѓање имаат на градите или челото.

Добар соговорник е, но знае брзо да се разлути. Сепак, лесно се смирува. Забавувач е во друштвото, а кога некој ќе му довери тајна знае да ја сочува.

Месец ноември му е среќен на секое поле, а во декември што и да почне, ќе заврши со успех. Во април треба посериозно да се грижи за здравјето.

Најчесто боледуваат од главоболки, болки во очите и забите.

Декември или Јарец

Луѓето родени во декември се силни, убави и зборуваат гласно. Остри се, лути, личат на мајката, а благите пцовки им се секојдневие. Ветуваат многу, исполнуваат малку.

Ако се оженат во јули, ќе имаат среќен брак. Во јануари ќе ги следи среќа и успех на секое поле. Внимателно со здравото во јули.

Белег имаат на средина на телото.

Не зборуваат многу, но зборуваат и се советуваат сами со себе. Тежнее кон слава и пофалби упатени на сопствена сметка.

Треба да внимаваат од болки во нозете, главата и стомакот.

Напиши коментар