Celebrity

Том Круз и неговиот несекојдневен обичај за Божиќ

Холивудскиот актер, Том Круз има необичен, но убав обичај што го практикува секој Божиќ.
Актерката Коби Смалдерс, која е најзапаметена по улогата на Робим во серијата „How I met your mother„ еднаш се појави во шоуто на Џими Фалон и ни раскажа за што станува збор.

Имено, таа и Том се блиски од 2016 година, кога го снимаа филмот заедно и откри каков подарок добиваше од него секоја година.

„Тоа е колач од бело чоколадо и кокос и морам да признаам дека е вкусен“, рече таа во емисијата.

После тоа, самиот Фалон призна дека го добива истиот подарок од Круз секоја година за Божиќ.

Славниот актер призна дека испраќа колачи за Божиќните празници на поширок список на познаници, а причината зошто го прави тоа е малку необична.

„Сакам слатки, но ги избегнувам поради тренинзите и подготовките што ги правам за филмовите, па затоа им ги испраќам на сите“, откри Круз.

Напиши коментар