Celebrity

Том Паркер: „Откако дознав дека имам тумор на мозокот, целиот свет ми се сврте наопаку“

Том Паркер, еден од пејачите на The Wanted, откри дека имаше тумор на мозокот. Тој сподели фотографија на својот Инстаграм профил и откри дека тажната вест ја дознал два дена пред фотографијата да биде создадена.

„Два дена откако беше направена оваа фотографија, дознав дека имам тумор во четврта фаза и тоа го сврте целиот мој свет наопаку. Некои претходни денови не ги ни паметам. Како да има некоја магла во која живеев. Но, поминавме долг пат од моментот кога дознав од што боледувам. Ви благодарам на сите за љубовта и поддршката што ми ја дадовте овие месеци. Благодарам на моето семејство и пријателите, кои се тука и помагаат околу децата, куќата.. На мојата преубава сопруга, која се грижи за сè, таа е борец “, напиша пејачот.
„Ветувам дека ќе продолжам да известувам, за секој чекор што ќе го преземам. И да, се надевам на фантастична 2021 година “, додаде Том.

Како што објасни, станува збор за глиобластом, вид на тумор за кој сè уште не е најдено ефикасно решение.

Напиши коментар