Free zone

Трендсетерките полудеа по оваа фризура: Кратката коса е повторно во мода

Ако не знаете која фризура е во тренд, само погледнете што носат трендсетерките и инфлуенсерките.

А, тоа е најмалиот проблем. Ние погледнавме наместо вас и веднаш ќе ви кажеме дека кратката коса е повторно во мода.

Ако помисливте дека одржувањето на таа фризура е полесно, грешите. Тоа не е секогаш правило.

Нема да ве држиме во неизвесност, фризурата по која полудеа инфлуенсерките им е добро позната на сите.

Се работи за „боб“ фризура во А-линија. Специфична е по тоа што е подолга од предната страна, додека косата од задната страна е пократка.

Јасно ви е дека прецизното шишање е најважно тука.

Оваа фризура создава впечаток на волумен, а прамените на предната страна му даваат рамка на лицето и визуелно го издолжуваат вратот. Се прилагодува на различните форми на лице, така што можете сами да ја изберете должината на предниот дел. Пократкиот дел ќе биде посуптилен, а со подолгиот преден дел ќе постигнете повпечатлив изглед.

Доколку се одлучите за ваква фризура, секако прво консултирајте се со фризерот. Најдобро ќе ви помогне да откриете која форма, односно должината одговара на вашето лице.

Лесен прелаз, од пократка кон подолга, е посоодветна за девојки со виткана коса, додека за девојчиња со права коса, поостра форма е подобро решение.

Колку е популарна оваа фризура во моментов, најдобро покажува фактот дека ја носат познатите девојки, како Џенифер Лопез, Селена Гомез, Бри Ларсон, Ким Кардашијан…

Напиши коментар