Иако три слоја маскара можат да помогнат вашите трепки да изгледаат лепршаво, има нешто поубаво во природно долгите трепки.
Трепките венеат и опаѓаат како што стареете, што оди рака под рака со сувоста и кршењето. Стимулирање на растот на трепките ги прави истовремено посилни и поздрави.
- Користете серум за раст на трепките
Според дерматолозите, серумите даваат навистина добри резултати. Може да се одлучите за серум за раст одобрен од ФДА или да користите природни состојки како рицинусово масло, мед и витамин Е, за да го заштитите и поттикнете растот.
- Користете рицинусово масло
Технички, не постои наука да се поткрепи какво било тврдење за рицинусово масло. Сепак, неговите хидрантни и антиоксидантни способности го прават омилен производ со години.
Рицинусовото масло е навлажнувачко, така што трепките се помалку кршливи и не се сушат. Содржи рицинолеинска киселина, масна киселина која има антиоксидативно и антиинфламаторно дејство. Исто така е полно со витамин Д, кој може да ја заштити косата од агресорите на животната средина.
- Земете додатоци
Дали знаевте дека вашите трепки се всушност ситни, нежни влакна?
Овие фини и меки влакна се структурно составени од истите протеини како и косата на вашата глава. И додека трепките растат сами од себе, снабдувањето на вашето тело со соодветни хранливи материи може да го подобри растот.
За да се изгради кератин, на вашето тело му се потребни неколку видови на аминокиселини, од кои повеќето од нив се дел од колаген пептиди. Затоа, истражувањето укажува на додавање на колаген и биотин за раст на косата, бидејќи можат да помогнат во одржување на вашето природно ниво на есенцијални состојки.
- Редовно чистете ги
Како што скалпот може да акумулира нечистотија, така можат и трепките. Шминкањето на очите, слузта и маслото можат да се лепат на трепките – сето тоа може да го забави растот на трепките, па дури и да влијае на опаѓањето.
- Чувајте ги трепките здрави
За поттикнување на растот, важно е влакната што ги имате да останат јаки. Здравите и напреднни влакненца изгледаат поцелосно, нели? Трепките се деликатни и фини, па дури и најмала грешка може да предизвика нивно опаѓање: работи како триење на очите, извртување на трепките и користење иритирачка шминка, може да доведат до ослабување и опаѓање на трепките.