Грешките во љубовта се природна работа. Ако нема грешки, нема да знаеме да ги препознаеме оние поубавите моменти. Сепак, постојат грешки кои партнерите често ги повторуваат, не сфаќајќи дека не се безопасни и можат трајно да ја нарушат романтичната врска.
Отфрлање на соништата
Секој има право на свои соништа, идеи и фантазии. Иако сте решиле да го трансформирате вашиот свет во заеднички свет со вашиот партнер, тоа не значи дека некој од вас треба да ја изгуби својата индивидуалност.
Ако вашиот партнер претстави идеја, смисли нов план или ви открие долго потиснат сон за кој смета дека може еден ден да се оствари, не го ограничувајте, не омаловажувајте го и не го убедувајте да се откаже.
Префрлање за грешките од минатото
Штом простите, простете засекогаш. Враќањето назад во врската, по голема грешка и рани нанесени од негативни активности во минатото никогаш не било лесно. Потребно е одреден процес на повторно прилагодување и стекнување доверба. Но, ако сакате врската навистина да успее, тогаш е важно секојдневно да не го потсетувате вашиот партнер на лошите потези од минатото и да не го обвинувате за старите грешки.
Збогум вистинско ЈАС
Откажувањето од себе, заборавањето на посебните потреби и ограничената љубов кон себе е најголемата причина за недоволна среќа во љубовта. Колку и да чувствувате силна врска и приврзана љубов кон вашиот партнер, важно е да продолжите да се сакате, почитувате и да се препуштате себеси. Не станува збор за себичност или егоизам, туку само доказ дека сте подготвени за вистинска љубов затоа што ја чувствувате длабоко во себе.