Astro&Horoscope

Три хороскопски знаци кои скоро секогаш се шворц: Штедењето пари им е слаба страна!

Стрелец

За стрелците, безгрижноста е нивната најголема мана. Никогаш не планираат ништо, тие се спонтани авантуристи кои дозволуваат ситуацијата да го преземе кормилото. Наместо да заштедат пари, тие ги трошат на „истражување на светот“, дури и ако тоа истражување значи обиколка на блиското кафуле. Стрелците се водат од мотото дека „живееш само еднаш“, дури и ако тоа значи дека последната недела од месецот ќе бидат буквално без ниту еден денар.

Вага

Најважно за Вагите е секој да ги сака, дури и ако тоа значи трошење пари што ги немаат. Тие се многу расположени за трошење и мрзливи за изготвување финансиски план, што честопати ги доведува до проблеми. Ниту тоа не им пречи премногу, бидејќи, на крајот на денот, единствено што им смета е да бидат прифатени и сакани.

Близнаци

Близнаците се крајно екстровертни и дружељубиви луѓе кои трошат најмногу пари на забава и непотребен луксуз. Тие сакаат да создаваат впечаток дека се во добра состојба и кога не се, што на крајот на месецот доведува до дефицит на сметката и многу долгови.

Напиши коментар