Понекогаш е доволна само една средба, а некогаш и некое време за да се за заљубите, но кога ќе се случи хемија, тоа е тоа,
Да се најде сродна душа е малку потешко, но ако се препознаете во овој текст, слободно дишете бидејќи веќе сте ја пронашле.
Вие двајца сте секогаш на иста фреквенција
И не, не мислиме да нарачате иста храна или пијалок, туку милион работи со кои се соочувате секој ден. Можеби тоа е заеднички вкус за филмови, книги или музика, можеби ги споделувате истите желби и соништа. Што и да е, вие двајца живеете како една личност.
Чувствувате дека напредувате и растете покрај него
Сродната душа не значи идеална врска во која никогаш нема расправии и кавги, бидејќи сите ние многу добро знаеме дека совршенството не постои.
Но, благодарение на неговата поддршка, охрабрување и добронамерна критика, од ден на ден станувате подобра личност. И вие сте му благодарни за тоа.
Нема нeшто што тој не го знае за вас
Тој веројатно ве познава подобро отколку вие самите. Тој знае колку се плашите од темница или колку многу сакате да отворите своја фирма еден ден. Знае дека плачете како дождлива година секогаш кога го гледате „The NoteBook“ и дека гледањето на серијата „Sex and the City“ ви доаѓа како терапија. И што е најважно, тој не ве осудува за ништо, туку ве сака токму онаква како што сте.