After Midnight

Три клучни фази на закрепнување: Како да ја преболите невозвратената љубов?

Бес

Кога ќе ја запознаета целата болка од невозвратената љубов, вие сте лути и на себе и на својот сакан. На него, за тоа што не ја сфатил вашата убавина и не одговорил на вашата љубов, а на самите себе си што толку тешко го поднесувате тоа. Колку побрзо сфатите дека овие емоции се случиле надвор од вашиот дофат и можности, толку побрзо ќе бидете подготвени да простите и да започнете одново.

Страдање

Оваа фаза е неизбежна и мора да ја издржите стоечки. Колку и да ви е тешко, не смеете да изгубите надеж, бидејќи тоа ќе ви помогне да излезете што побрзо од ситуацијата. Навистина е важно да се опкружите со луѓе во тој момент. Не повлекувајте се во себе и не повредувајте се со сопствените мисли.

Прифаќање

Кога ќе ги прифатите сите ваши емоции, конечно ќе сфатите дека љубовта е во вас. Дека моќта на таа емоција е голема и дека конечно е време да му ја дадете на некој што навистина ве заслужува и кој има за цел да ве направи среќни. Кога љубовта ќе се роди во вас, ќе ви биде јасно дека сте ја реализирале најчистата емоција на светот и кога ќе го надминете вашиот прв неуспех, ќе бидете среќни и благодарни, бидејќи ќе знаете дека сте подготвени да му ја дадете сета љубов на некој што ќе ве препознае како изгубен дел од својата сложувалка и ќе бидете љубовта на неговиот живот!

Напиши коментар