Free zone

Три модни грешки кои ќе направат да изгледате постаро

Начинот на облекување во голема мера влијае на впечатокот што другите го создаваат за нас, но и на тоа како се чувствуваме. Можеби не сте знаеле, но некои од овие комбинации и парчиња облека, му додаваат некоја година плус на вашиот изглед…

Лошо скроено здолниште

Тесното здолниште до колена може да делува премногу професионално, но и прилично секси – буквално на која било возраст! Сепак, таквото здолниште мора совршено да одговара на вашата фигура, бидејќи во спротивно дава сосема поинаков впечаток. Во превод, обрнете внимание на кројот на здолништата и фустаните со потесен крој, бидејќи овие парчиња навистина треба да одговараат на вашето тело. Доколку се премногу широки, односно слабо исечени, задолжително прилагодете ги на телото, бидејќи во спротивно ќе се прошират на деловите од телото каде што воопшто не сакате.

Чевли и чанта во иста боја

Ова правило слепо се почитувало во некои далечни времиња. Во 21 век, ова правило повеќе не важи! Иста е ситуацијата и со карминот, кој не мора да одговара на лакот. Или сенката за очи… Овие модни трикови порано беа закон, но денес тие можат само да направат да изгледате повозрасно. Не следете ги правилата и прописите по секоја цена, туку оставете ја вашата фантазија да работи. Денешната мода го комбинира и она што воопшто не оди едно со друго и дозволува играње и со бои и со стилови.

Чевли на полна пета

Колку и да ги сакаме затоа што се навистина удобни, факт е дека полни и големи потпетици, можат да изгледаат многу нескладно . Ако носите вакви чевли поради удобноста, време е за промена, бидејќи има многу модели на чевли со високи потпетици кои се истовремено и многу удобни и елегантни.

Напиши коментар