Сите барем еднаш сме биле во токсична врска, единственото прашање е кога сме сфатиле дека тоа е врската што не исцрпува. Токсичните врски честопати можат да не исцрпат, но и да не променат кога ќе излеземе од нив.
Од ваквите врски честопати учиме многу лекции, но и стекнуваме лоши навики. Постојат голем број „несакани ефекти“ од токсичните врски, кои дури и по раскинувањето оставаат трајни последици врз нашето однесување, а ова се некои од нив:
Недоверба
По врската што ве исцрпи во секоја смисла, станувате недоверливи не само кон вашиот потенцијален следниот партнер, туку и кон самите себе. Јасно е дека некој ве повредил, но не можете да изградите нова врска поради недоверба. Довербата е основа на секоја врска и доколку сакате да дадете некому шанса, мора да го заборавите минатото и да верувате во себе, но и на личноста што стои пред вратата на вашето срце.
Се плашите да кажете што ве мачи
Разликите и недоразбирањата беа каменот кој ве сопнуваше во вашата последна врска. Сепак, тоа не значи дека треба да живеете во страв да не го искажете своето мислење или став во новата врска. Ако градите нова врска по примерот на старата, јасно ви е дека нема да заврши добро, затоа бидете искрени и отворени за разговор од самиот почеток.
Сè ставате на вага
Ако имавте токсична врска зад вас, сè уште живеете во страв да не бидете повредени. Токму поради тоа, започнувате нова врска според методот „како ти на мене, така јас на тебе“ и тоа е голема грешка. Мора да се борите против оваа навика, бидејќи вистинската љубов е сè, само не ставање на вага.