На кој начин и да ја завршите вашата врска, раскинувањето никогаш не е лесна работа.
Не можеме да си наредиме на самите себе да престанеме да чувствуваме болка. Сепак, науката вели дека постојат три стратегии кои водат до моментот кога конечно ќе можеме да кажеме „го преболев него / неа“.
Имено, едно неодамнешно истражување опфати 24 испитаници на возраст меѓу 20 и 37 години, нивните врски траеле приближно две и пол години и не било важно дали тие ја прекинале врската или биле оставени од страна на нивниот партнер.
Првата стратегија што ја тестирале научниците вклучувала размислување за негативните работи што би го карактеризирале поранешниот партнер. Лошите и иритирачки навики, кои тој/таа ги поседувал/а ќе направат помалку да жалите за него/неа.
„Во ред е да сакаме некого иако повеќе не сме заедно“, е другата стратегија. Иако, оваа стратегија не го менува директно чувстото на љубов кон вашиот поранешен партнер, таа полека ве одвлекува од него.
Пронајдете нешто што ќе ве одвлече од размислување за него / неа – ова е третата стратегија. Храна, патувања, пријатели, хобија, што било што ќе ве направи среќни.
Од овие три наведени стратегии, размислувањето за негативните страни на поранешниот партнер е најефикасно. Сосема е јасно зошто. На тој начин, ние постепено ги забораваме сите добри страни и помалку страдаме за изгубената личност.