Од првиот бакнеж ќе дознаете…
Дали ќе следат повеќе бакнежи
Среде бакнување, вашите нивоа на хормони што прават да се чувствувате добро, треба да се зголемат. Но, ако не се чувствувате така додека ги испреплетувате јазиците, вашите нивоа на допамин веројатно се ниски и нема сексуална хемија.
Колку некој се грижи за себе
Секој од нас има специфичен вкус на уста, мирис и здив што доаѓа од храна, генетика и општо здравје, вели Џастом Гарсија, директор за истражување на Институтот Кинси на Универзитетот Индијана во САД. Индикации дека вашиот партнер е мрзлив кога станува збор за здравјето се густа плунка (што значи дехидрираност) и пепел вкус (значи дека тој е веројатно пушач).
Како е некој расположен
Ако станува збор за брзински, а не за долг бакнеж, вашиот партнер може да е уморен или под стрес. Долг бакнеж што ги прави вашите колена да се тресат и да заборавите сè околу вас, значи дека тој е среќен или опуштен или дека размислувал за вас со часови.