After Midnight

Три женски особини кои момчињата воопшто не ги сакаат

Озборувања

Момчето на коешто сте му се допаднале сака да знае сè за вас, но во никој случај не го интересираат приказни за животот на вашите другарки. По некој трач му се случува на секого од време на време, но кога секоја ваша реченица е посветена на животот на другите луѓе, значи дека поседувате карактеристика што никој не ја сака.

Грубост и нељубезност

Девојките не се единствените кои забележуваат како нивниот партнер се однесува со келнерите или продавачите. Грубоста и нељубезноста не се убави особини и ќе останат во главата на секој човек. Ако ‘викате ’од време на време на лицето кое ви послужило погрешна храна или пијалок или агресивно го коментирате начинот на работа на еден од вработените во продавницата во која доаѓате, верувајте ми, тоа нема да остане незабележано.

Материјализам

Финансиската сигурност е многу важен фактор за многу девојки при изборот на момче. Истражувањата покажаа дека материјално згрижените и финансиски стабилните момчиња се многу попривлечни за девојките. Без разлика дали припаѓате на оваа група на девојки или не, отвореното покажување на важноста на парите за вас уште на почетокот на врската, не е воопшто привлечно.

Напиши коментар